Европските берзи паднаа трет ден со ред, пад и во Азија

На европските берзи во средата претпладнето цените на акциите паднаа, трет ден со ред, бидејќи инфлацијата во Велика Британија не ослабна, па надежите за намалување на каматите во оваа земја избледеа.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции во првиот дневен пресек од тргувањето беше во минус од 0,2 отсто, слабеејќи трет ден по ред. Истовремено, лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,12 отсто, на 8.155 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 0,15 отсто, на 18.490 поени, а париски CAC 0,14 отсто, на 7.570 поени.

Индексите паднаа трет ден по ред, откако беше објавено дека инфлацијата во Велика Британија во јуни изнесувала 2 отсто, исто како и еден месец претходно, но повисока од очекувањата на аналитичарите. Иако оваа стапка на инфлација е во согласност со целните нивоа на британската централна банка, надежите дека банката ќе ги намали каматните стапки веќе во август исчезнаа.

И на повеќето азиски берзи цените на акциите паднаа. MSCI индексот на азиско-пацифичките акции, без јапонските, во истиот период од тргувањето како и во Европа, беше речиси непроменет во однос на вчерашниот ден. Истовремено, на токиската берза индексот Nikkei ослабе за 0,4 отсто, додека цените на акциите во Шангај и Јужна Кореја паднаа меѓу 0,2 и 0,7 отсто. Во Хонгконг и Австралија, пак, пораснаа меѓу 0,1 и 1 процент.

Кинеските берзи беа под притисок последните денови поради побавното од очекуваното закрепнување на тамошната економија, но и поради неуспешниот обид за атентат на републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, се зголемија неговите шанси да победи на ноемвриските избори.
Победата на Трамп може да доведе до нов трговски конфликт меѓу Белата куќа и Пекинг, како што беше случајот во неговиот прв мандат. Трамп од утрово предизвика и остар пад на цените на акциите на берзата во Тајван, бидејќи во интервју за Bloomberg BusinessWeek ја доведе во прашање поддршката на САД за таа земја, велејќи дека Тајван треба да плати за заштита на САД. Не е јасно што сака да порача со тоа, но пазарите стравуваат дека ако Трамп победи на изборите, тој дополнително ќе ја заостри својата и онака остра трговска реторика.