Европските челници порачаа дека има простор за оптимизам, но не и гаранции за датум за преговори

Простор за оптимизам има, но нема гаранции дека Македонија веќе во јуни годинава ќе го добие датумот за почеток на преговорите за членство во Евроспката унија, кога вообичаено ќе решава Советот на Европа откако ќе биде објавен извештајот за напредокот на земјата.

Ова во вторникот го порачаа во Брисел високата претставничка за заедничка надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан на средбата со македонскиот премиер Зоран Заев. Притоа Могерини порача дека е задоволна со каква динамика се движат реформите во земјата, но и предупреди оти е свесна и за слабостите кои ќе треба во иднина да се поправат или, како што посочи „слабости кои треба сите политички лидери да ги поправат“.

,,Нема да има политичка оценка за владата или опозицијата, на една политичка партија или друга. Едноставно одлуката на советот ќе биде за државата. Тоа ќе биде моментот, кога различните политички партии, различните институции..вклучувајќи ја и опозицијата, која е дел од демократскиот институционален живот, ќе биде повикана да ја одигра својата улога за постигување на национална цел.”

Спроведување на реформскиот план, односно оние во судството, безбедносните служби и администрацијата ќе го направи по извесен датумот смета Могерини. Со ова се сложи и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, кој директно ја повика и опозицијата да се вклучи во носењетопотребните реформи, бидејќи со тоа значително ќе ја зголемат шансата за добивање на датум за преговори . Џабе е реформи доколку бенефитите од истите не ги чустуваат граѓаните вели Хан.

,,Морам да ве охрабрам да продолжите, а не да забавите со потребните реформи. Менувањето на законите е позитивен чекот, но сакаме да видиме и промена во менталитетот и однесувањето, а тоа е поважно во патот на приклучувањето кон Европската Унија.”

На прес конференцијата премиерот Заев вети дека владата ќе работи на реформите со засилено темпо, а со решавањето на споровите со соседите сме дале пример како треба европските земји да ги затвораат билатералните спорови.

Од зградата на европската комисија премиерот и делегацијата се упатија во седиштето на НАТО на средба со генералниот Секретар Јенс Столтенберг. Таму уште еднаш беше потврдено задоволството од скорешно пристапување на земјава во Алијансата..