Велика Британија, Франција, Германија и Европската унија во четвртокот ја повторија својата доследност на нукеларниот договор со Иран од 2015 година од кој пред една година еднострано се повлекоа САД, но предупредија дека „одбиваат секаков ултиматум“ откако Техеран во средата објави дека ќе суспендира делови од своите обврски доколку европските партнери во рок од 60 дена не ги испочитуваат своите обврски во поглед на олабавувањето на санкциите.
Иранскиот претседател Хасан Роухани во средата најави дека Техеран ќе започен постепено повлекување од клучните делови од нуклеарниот договор чијашто цел е да го спречи Техеран да збогатува ураниум од ниво од коешто може да се произведе атомска бомба. Тој потег би можело да го влоши конфликтот со САД кои се повлекога од договорот точно пред една година. Покрај европсктие држави и САД, потписнички на договорот се и Кина и Русија.
Роухани објави и дека Иран веднаш ќе престане да ги почитува ограничувањата наметната на неговите резерви од збогатен ураниуми и материалките поврзани со реакторот за тешка вода во Арак. Техеран најави и дополнителни чекори доколку европските земји следните 60 дена не го ублажат влијанието на американските санкции воведен особено против неговиот нафтен и банкарски сектор.
„Отфрламе секакви ултиматуми“, рече шефицата на надворешната политика на ЕУ, Федерика Могерини, и министрите за надворешни работи на Франција и Германија. Додадоа дека „силно ќе го повикаат Иран да продолжи да ги имплементира своите обврски“ од нуклеарниот договор. Изразија „голема загриженост“ поради најавата на Техеран и ја повторија својата „силна предаденост“ на договорот „што вклучува укинување на санкциите за балгосостојбата на иранскиот народ“.
„Решителни сме во натамошните обиди да го овозможиме продолжувањето на легитимната трговија со Иран“, напишаа челниците во заедничкото соопштение, алудирајќи особено на механизмот INSTEX, европскиот инструмент за финансиски трансакции со Иран, осмислен за да ги заобиколи американските санкции.
Американскиот претседател Доналд Трамп во средата воведе нови санкции за „иранскиот сектор на железо, челик, алуминиум и бакар“, за да го засили притисокот врз Техеран и се закани со „нови мерки“ доколку Иран „радикално не го промени однесувањето“.
Тим Морисон, специјалниот помошник на американскиот претседател Доналд Трамп и шеф на одделот за прашања за оружје а масовно уништување, исто така, се закани дека САД многу брзо ќе реагираат доколку некои европски земји се обидат да ги поткопаат санкциите и притисокот на Вашингтон врз Техеран. Ги советува да не посегнуваат по ткн специјален механиам за со „недоларското“ тргување да ги заобиколат американските санкции.