Министрите за надворешни работи на Германија, Велика Британија и Франција во четвртокот изразија зголемена загриженост поради можните воени димензии на иранската нуклеарна програма.
Загриженоста ја искажаа по извештајот на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) во којшто е наведено дека Иран го проширил своето производство на збогатен ураниум кое е речиси на воено ниво, како и дека оваа земја првпат започнала со произвдоство на метален ураниум.
„И двете претставуваат клучни чекори кон развојот на нуклеарно вооружување, а Иран нема никаква цивилна потреба од тие мерки“, објавија портпаролите на споменатите три министерства.
Дипломатите на водечките сили во Европа истакнуваат дека иранските активнисти претставуваат „тешко кршење“ на договорот за иранската нуклеарна програма.
Иран со шесте светски сили, Германија, Велика Британија, Франција, САД, Русија и Кина, го потпиша во 2015 година. Меѓутоа, откако САД еднострано истапија од договорот и го вратија строгите санкции против Иран и откако европските потписници не успеаја да ја заштитат руинираната иранска економија, Техеран започна со постепено суспендирање на некои од своите обврски од договорот.
Дипломатските обид за изнаоѓање договор меѓу САД и Иран во Виена, каде што е и седиштето на IAEA, започнаа во април годинава. Беа прекинати изминатите два месеца откако ирански претседател стана тврдолинијашот Ибрахим Раиси кој го замени поумерениот Хасан Роухани.
Техеран засега не се согласи на нов датум за продолжување на виенските преговори, потсетуваат европските дипломати, предупредувајќи дека новите чекори на Иран го отежнуваат враќањето во рамките на нуклеарниот договор.