Сите знаат дека имаме многу процеси во државата за кои би рекла дека се штетни за европската интеграција, а на многу закони се става европското знаменце. Целта им на луѓето од власта очигледно да ги поминат законите на брза трака, рече Марија Петрушевска, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата Заспиј ако може што се емитува на телевизија Алфа.
Петрушевска се осврна на неколку закони кои имаа европско знаменце.
„Скандалозно е, не е европски и е директен атак на правниот систем во државата кога се става европско знаменце. Несмислено е да се стави европско знаменце на некои закони. Недозволиво е европско знаменце на КЗ, а ниту начинот на носење на законот за амнестија кој е надополнување на Кривичниот законик. Едно е сигурно европското знаменце се користи за партиски цели“, рече Петрушевска.
Ниту ставовите за текстот на законот за амнестија не им се усогласени на премиерот Димитар Ковачевски, министерот за внатрешни Оливер Спасовски, министерот за правда, Кренар Лога, не се усогласени, кажа Петрушевска и додаде дека се што прават е само поврзано со клиентелизам на Владата кон подземјето.
„Мафијата си има своја држава последниве шест години откако на власт е оваа Влада. Оваа Влада не направи многу за борба против корупцијата, криминалот, не направи може да се каже ништо. Со законот за 240 лица излегуваат од затворите, а тие што треба да влезат во затворите нешто повеќе од 2000 лица и со право се поставува прашањето има ли воопшто логика во сево ова што го кажуваат како образложение“, изјави Петрушевски.
Според неа ова што го прави Владата кон областа на правосудството е целосно неоправдано.
„Доколку ние искрено сакаме да ја видиме Македонија реформирана, секој кој се огрешил пред законот треба да одговара. Без вакви постапки да одговара за стореното ќе се продолжи таа пракса, а со тоа само се влошува состојбата во државата“, кажа Петрушевска.