Европската статистичка агенција „Евростат“ објави некои податоци од земјите кандидати за членство во ЕУ, кои во споредба со просекот на ЕУ, се далеку под стандардите на Унијата.
Така, на пример, бруто домашниот производ по глава на жител во ЕУ во 2017 година изнесуваше 30.000 евра, додека во Србија таа сума беше 5.000 евра, во Босна и Херцеговина 4.400, а во Албанија 4.000 евра.
Извештајот покажува дека Србија била убедливо најсилната инвестициска дестинација со 2,4 милијарди странски директни инвестиции во 2017 година. Другите земји од Западен Балкан привлекле околу 2,1 милијарда евра во истата година, што е за стотици милиони евра помалку од нето приливот во 2007 година.
Од друга страна, во последните 10 години БДП по жител во ЕУ се зголемил за 15 отсто, додека во Северна Македонија растот изнесува 60 отсто.
Реалниот раст на БДП во последните 10 години во ЕУ е зголемен за 8,6 отсто, додека сите земји кандидати за ЕУ, заедно со Северна Македонија и Црна Гора, имале поголем раст од Србија.
Бруто приливите од странските директни инвестиции во ЕУ во 2007 година беше за 650 милиони евра поголем во споредба со 2017 година.
Србија има и најголема нееднаквост на приходи во регионот, веднаш после Турција. Имено, додека 20 отсто од најбогатите во ЕУ имаат за 5,1 отсто поголеми приходи од најсиромашната петина, таа разлика е за 9,4 отсто поголема во Србија. И другите земји во регионот имаат поголема нееднаквост на приходите. Србија исто така е последна и според ризикот од сиромаштија во кој се наоѓаат 25,6 отсто од жителите, додека најнизок ризик има БиХ, 16,9 отсто, колку што изнесува и во ЕУ.