„Евровизија“ на водена сцена налик на брод

Во историското здание на градската управа на Копенхаген, вечерва ќе биде отворено познатото музичко натпреварување „Евровизија“. Полуфиналните вечери се на 6 и на 8 мај, а финалето е на 10 мај.

Данска по трет пат ќе биде домаќин на ова шоу. Земјата беше домаќин на Евровијата во 1964 и 2001 година и сега во 2014 ќе биде повторно.

Натпреварот ќе се оддржи на невообичаено место- во старото бродоградилиште Бурмајстер и Вајн, на островот Рефхалеон, во источниот дел на Копенхаген, кое беше затворено во 1996 година.

Денеска на еден од доковите на бродоградилиштето е изградена сала за 10.000 гледачи и има водена сцена, што наликува на брод.

Буџетот на Евровизија изнесува 190 милиони дански круни или 25 милиони евра.