Кошаркарите на Јута Џез ноќта кон четвртокот со победа на својот паркет над Оклахома Сити Тандерс со 107:86 ја отоворија новата сезона во најсилната кошаркарска лига на светот.
Хрватскиот репрезентативец Бојан Богдановиќ беше најдобар стрелец кај Џез со 22 поени, 4 скокови и две асистенции. Резервистот Џордан Кларскон додаде 18 поени, додека Руби Гобер покрај 16-те коша впиша и 21 скок. Кај бледите Тандерс најефикасен беше Шеј Гилџес-Александер со 18 коша.
Минатосезонските финалисти Феникс Санс во новата сезонаа со домашен пораз од 98:110 од Денвер Нагетс. Санс го контролираа резултатот во првите две четвртини, но во продолжението на дуелот доминираа Нагетс кои предводени од најкорисниот игра во лигата српскиот интернационалец Никола Јокиќ го решиај во своја полза со 59:40 стасувајќи до релаксирана победа.
Јокиќ беше првиот играч на Нагетс со 27 коша и 13 скокови, Вим Бартон додаде 20 поени, додека кај воедначениот тим на Санс најмногу прикажаа Микал Бриџес со 16 моеи, Крис Пол со 15 коша и 10 скокови, како и Деандре Ејтон со 15 поени.
Најинтересниот дуел бепе одигран во „Медисон Сквер Гарден“, каде Њујорк Никс по две продолженија ги совладаа големите ривали Бостон Селтикс со 138:134. Никс во последните 10 секунди од четвртата делници испуштија четири поени предност, а дуелот со „тројка“ со звукот на сирента во продолжение го однесе Маркус Смарт. На истекот од првите пет минута дополнение можноста за победа на Селтикс ја пропушти Џејсон Тејтум, па одлуката за победникот следуваше во вторите пет минути. Дерик Роуз погоди за 138:134 на 22 секунди до крајот, потоа Џејлен Браун не реализираше шут за „тројка“ за враќање на Селтикс, па Нагетс дојдоа до стартната победа.
Њујорк до победата ги водеа Џулиус Рендл со 35 коша, 8 скокови и 9 асистенции и Еван Фурние со 32 коша, додека кај Бостон најдобри беа Браун со 46 поени, 9 скокови и 9 асистенции, и Тејтум со 20 коша и 11 скокови.
Филаделфија 76ерс и без суспендираниот Бен Симонс во сезоната тргнаа со убедливата победа од 117:97 на гостувањето кај Њу Орлеанс Пеликанс. Четворица играчи на Сиксерс од 20 или повеќе коша, Џоел Ебид и Фуркан Коркмаз со по 22, а Тобијас Харис кој имаше и 12 скокови и Тајриз Макси по 20 поени. Кај Пеликанс, кои настапија без Зион Вилијамсон, најефикасни беа Брендон Инграм со 25 и Никел Александер-Вокер со 23 коша.