Фудбалерите на Манчестер Јунајтед се првиот тим кој се пласираше во четвртиот круг од годинешното издание на англискиот ФА Куп, откако на својот „Олд Трафорд“ со 3:1 го совладаа Евертон.
Бразилецот Антони во 4 минута го постигна водечкиот погодок за домашните, а во 14 израни бекот на Евертон Конор Кеди, Истиот играч беше стрелец и на третиот погодок на мечот, но во 52 минута ја затресе сопствената мрежа по нафрлувањето од Маркус Рашфорд.
Длабоко во судиското продолжение во 97 минута, Рашфорд ги постави конечните 3:1 од пенал. На гостите претходно во 74 минута им беше поништен погодок поради офсајд.
Другите натпревари од третиот круг од ФА Купот се играат во сабота, недела и понеделник.