Во третото коло од англискиот ФА Куп елиминиран е Њукасл, моментално третопласираниот тим во Премиер лигата, откако со 1:2 беше поразен на гостувањето кај Шефилф Венсдеј.
По првиот дел кој заврши без погодоци, во продолжението се разгори борбата на теренот кога беа и постигнати сите голови, а кобен за Њукасл беше 28-годишниот Џошуа Виндас кој ги постигна двата гола во 52 и 66 минута, за шокантните 2:0 за третолигашот. Њукасл успеа брзо, во 69 минута да се врати во мечот, кога Бруно Гвоимараеш намали на 1:2, но тоа биеше што успеа на овој меч да стори респектабилниот тим на премиерлигашот.
До крајот Њукасл напаѓаше, бараше израмнување или победа, но и пропушташе големи шанси. Најдобра во 82 минута ја испушти Крис Вуд. Но и домашните можеа да го зголемат водството, но гостите ги спаси рамката од голот.
Последен пат Њукасл со два гола на натпревар прими кон крајот на август која загуби од Ливерпул со 1:2.
Во дуелот меѓу прволигашите Вест Хем со 1:0 го совлада Брентфорд со погодокот на Алжирецот Бенрама во 79 минута. Брентфорд, инаку, во последните шест лигашки натпревари оствари три победи и три ремија.
Изненадување оствари и петтолигашот Рексам која на гости со 4:3 беше подобар од второлигашот Ковентри.
ФА Куп, 3-то коло:
Брентфорд – Вест Хем 0:1
Ковентри – Рексам 3:4
Гримсби – Бартон 1:0
Лутон – Виган 1:1
Шефилд Венсдеј – Њукасл 2:1
Кристал Палас – Саутемптон 1:2
Гилингем – Лестер 0:1
Престон – Хадерсфилд 3:1
Рединг – Ватфорд 2:0
Тотенхем – Портсмут 1:0
Бурнмаут – Барнли 2:4
Блекпул – Нотингем Форест 4:1
Борехам – Акрингтон 1:1
Честерфилд – Вест Бромвич 3:3
Флитвуд Таун – Квинс Парк Ренџерс 2:1
Хал – Фулам 0:2
Ипсвич – Ротерам 4:1
Мидлсброу – Брајтон 1:5
Милвол – Шефилд Јунајтед 0:2
Шрусбери – Сандерленд 1:2