Фајнал-фор турнирот во Евролига ќе се игра во Белград

Белград ќе ја добие организацијата на завршниот турнир во Евролигата и така по четири години повторно ќе биде домаќин на фајнл-форот, пишуваат српските медиуми, иако оваа информација се уште не е потврдена.

Делегацијата на Евролигата во вторник ќе биде Белград, додека потпишувањето на договорот околу организацијата е резервиран за среда.

Фајнл-форот требаше да се одржи во Берлин, но поради пандемијата на коронавирус е невозможно да се организира турнир со тамошната публика, па затоа организацијата беше откажана.

Белград 2018 беше повеќе од успешен домаќин на фајнл-форот и има искуство во организирање големи настани. Актуелен европски првак е Анадолу Ефес, кој ја брани титулата освоена лани во Келн.