16.8 C
Skopje
понеделник, мај 6, 2024

Фајзер очекува побарувачката за вакцини да трае со години и заработката да расте

Побарувачката за вакцини против коронавирус на Фајзер може да ги зголемува нивните приходи со години, соопшти компанијата, јави Би-Би-Си.

Приходите од вакцините се очекува да бидат повеќе од една третина од продажбата на Pfizer во текот на целата оваа година.Прогнозата се заснова на веќе потпишаните договори за 1,6 милијарди дози вакцини што треба да бидат доставени оваа година.

„Врз основа на она што го видовме, веруваме дека продолжената побарувачка за нашата вакцина ковид-19 е можен исход“, соопшти Фајзер.

Двојната вакцина е најпродаваниот производ на Фајзер во првиот квартал.

Трошоците и приходите на вакцините се поделени на половина помеѓу партнерите на Pfizer и BioNTech.Фајзер неодамна потпиша договор со Велика Британија за да испорача 60 милиони дополнителни дози во 2021 година.

Тестирањето на третата доза на вакцината е во тек, а САД се очекува да дадат зелено светло за употреба кај деца на возраст од 12 до 15 години.Покрај тоа, вакцината може безбедно да се користи кај деца од 6 месеци до 11 години.