Репрезентативецот на Шпанија и стандарден првотимец во дресот на каталонскиот гигант Барселона, Сеск Фабрегас е убеден дека неговиот тим може да слави во Примера дивизион, во Купот на Шпанија и да го освои победничкиот пехар во најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.
“Точно дека има место за напредок, но се е во нашите раце. Има уште 19 натпревари во Примера дивизион, Купот на Шпанија и Лигата на шампиони. Ако го добиеме сите натпревари, тогаш ќе испишиме уште една нова страница во клупската историја. Мора да покажеме дека сме гладни за успех, дека ја сакаме секоја можна титула во актуелната сезона. Ако ги добиеме сите натпревари до крајот на сезоната сигурно ќе ја освоиме шампионската титула. Мислам дека ќе останеме во конкуренција до самиот крај, но сите 19 натпревари се како едно финале за нас”, изјави Фабрегас.