Иновациите ги носат промените што градат подобра иднината. Создавањето на овој нов свет го предводат компании коишто користат научни истражувања, технолошки пронајдоци и идеологија за создавање подобра иднина. Таков е случајот со тутунскиот гигант Филип Морис, кој е посветен е на создавање иднина без чад. Чекорејќи кон новите трендови и времиња, компанијата се трансформираше и на возрасните пушачи веќе неколку години им нуди производ што претставува иновативна алтернатива на цигарите, позната како IQOS.
При посетата на „Папастратос“ во Атина, најголемата фабрика за тутунски производи во Грција, која е филијала на „Филип Морис Интернешнл“ (PMI) можевме да видиме врвна технологија, јасна стратегија, иновативност, креација и стандарди на работење во насока на создавање на визија за иднината. Бевме сведоци на врвен производен капацитет, со интересни и единствени аспекти, доведени до степен на извонредност.
Трансформацијата започна во 2017 година кога „Филип Морис Интернешнл“ инвестираше во производство на иновативни производи без чад. Филијалата на PMI во Грција, ни покажа друга димензија во функционирањето на оваа индустрија. Синоним за иновативност, место каде што технологијата и традицијата одат рака под рака, каде што сè е беспрекорно уредено и каде што се произведуваат иновативните патрони од несогорлив тутун. Во текот на својата 85-годишна историја, „Папастратос“ постојано е активен поддржувач на грчката економија и општество.
При посетата на фабриката лоцирана 50-тина километри од Атина, нè водеа специјално обучени лица кое ни го презентираа и објаснуваа целиот процес на производство. Како од листот тутун се развиваат иновативните производи и зошто е поинаков од цигарите. Целото производство е поделено во фази, а секоја фаза внимателно се следи и на крај се добива конечниот производ. Интересно е дека целиот процес е автоматизиран, а луѓето се дел од процесот само при проверка на производите. Сè друго е оставено на механизацијата.
Од самиот влез, па низ сите простории, од аминистративните, преку производствените и контролните, фабриката оддава впечаток на совршено уреден и функционален систем. Со внатрешна инфраструктура со роботизирани возила, целиот ентериер наликува на супер-модерна лабораторија. Сепак, природата на работата наметува строги безбедносни и хигиенски стандарди, како и заштитна облека, специјални обувки, посебни за вработените, посебни за посетителите. Производно-технолошкиот процес е строго контролиран, контактно изолиран и визуелно видлив, со строго дефинирани протоколи за работа дури и движење.
Оваа фабрика е само една од седумте што ги произведуваат иновативните тутунски производи на PMI. До пред неколку години футуристичката и за некои утописка визија за свет без чад, денес почнува да станува реалност. Тутунскиот гигант Филип Морис Интернешнл со иновација и високотехнолошка подготвеност ја создава иднината без чад, каде светот на пушачите и тутунската индустрија се трансформираат во сосема нов облик и одржлива иднина, со подобри алтернативи од цигарите, за сите возрасни пушачи.