До сега, најгласни околу можноста да ги осигураат услугите на 26-годишниот напаѓач беа челниците на Челзи и на Реал (М), Роман Абрамович и Флорентино Перез, но нивата желба ќе стане реалност само доколку го исплатата побараното обештетување од 100 милиони евра.
Таквото обештетување сигурно ќе претставува голем проблем и за сопственикот на “сините” и за првиот човек на “кралскиот клуб”, па во игра е и опцијата, освен поголема парична сума, да бидат понудени и неколку фудбалери кои би се преселиле во обратната насока.
Англиските медиуми се убедени дека Абрамович ќе понуди околу 60 мил. фунти за Фалкао, но во официјалната понуда ќе бидат вметнати и услугите на шпанскиот интернационалец, Фернандо Торес.