Две лица се уапсени, а по четири други се уште се трага во полициската акција против група лица кои се сомничат дека фалсификувале бугарски пасоши и евра.
Според досегашните информации од полицијата, се работи за координирана акција на полициите на Македонија и Бугарија. Досега уапсени се лица само во Кочани.
Едно лице било уапсено од претходно, а според информациите на МВР две од лицата по кои се трага не биле во земјава.
Група се занимавала со изработка на лажни бугарски пасоши и лични карти кои потоа ги продавала на лица кои сакале да заминат во некој од земјите членки на Европската Унија.
Освен со изработка на лажни бугарски документи, групата набавувала фалсификувани евра, кои потоа ги пуштала во промет во Македонија. Лажните евра биле набавувани во Бугарија.
Акцијата е во тек, а повеќе детали за случајот МВР најави дека ќе даде во текот на денешниот ден.