Во дербито на второто коло од италијанското фудбалско првенство, шампионот и вицепрвакот одиграа прекрасен натпревар, кој на крајот го доби Јувентус со 4:3 со автоголот на Калиду Кулибали во судиското продолжение.
Торинскатата „Стара дама“ на 25 минути пред крајот имаше убедливо водство од 3:0, но Наполи чудесно се врати во мечот со трите погодока во интервал од 15 минута, а потоа со неверојатниот автогол во третата минута од судиското продолжени да остане и без бод.
Јувентус поведе во 17 минута со голот на Данило, а само три минути подоцна водството на домашните го удвои повратникот во Серија А, Аргентинецот Гонзало Игуаин. Кога Кристијан Роналдо во 63 минута зголеми на 3:0, се чинеше дека Наполи е пред вистински дебакл во големото дерби. Сепак наполитанците набрзо се вратија во игра, откако во 67 минута гол постигна Константинос Манолас, а потоа на само гол заостанување намали во 69 минута Родриго Хирвинг Лозано, а во 82 минута израмни Џовани Ди Лоренцо. И кога сега се чинеше оти мечот ќе заврши без победник, во 93 минута Миралем Пјаниќ нафрли во противничкиот шеснаесетник, а Калиду Кулибали несреќно ја закова топката зад грбот на својот голман Алекс Мерет за победа на Јувентус.
Во вториот саботен дуел Милан со голот на Хакан Чајланоглу на својот „Сан Сиро“ ја совлада Бреша. Во петокот исто така со еден погодок, кој го постигна во првата минута од судиското продолжение Роберто Сориано, на домашен терен Болоња беше подобра од СПАЛ.
Преостанатите седум натпревари се играат во недела, а најголемио внимание привлекува римското дерби Лацио – Рома. Во другите мечеви се среќаваат: Аталанта – Торини, Лече – Верона, Удинезе – Парма, Џенова – Фиорентина, Калјари – Интер и Сасуоло – Сампдорија.