![velika-b-imigranti](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2013/12/velika-b-imigranti.jpg?resize=486%2C324&ssl=1)
Европратеникот и лидер на екстремно десничарската Партијата за независност на Обединетото Кралство, Најџел Фараж, кој е лицето на антиимигрантските кампања во Велика Британија, на големо изненадување за сите, ги повика британските власти да ги прифатат сириски бегалци во земјата.
Во интервју за„ Би-Би-Си“ лидерот на Партијата на независноста, рекол дека имигрантите од Сирија се радикално различни од Бугарите и Романците.
Според зборовите на Фараж е време за вистински дебата за разликата помеѓу бегалец, кој се плаши за својот живот и некој кој се преселил само поради економска добивка.