Фармите се безбедни од африканската чума, во Македонија се уништени 4.891 грло свињи

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски, посочи дека во Македонија се јаде безбедно свинско месо. Фармите се безбедни од болеста африканска чума. Последниот случај на заболена свиња во фармите е во декември 2022 година.

„Со оглед дека оваа болест е економска болест, државата единствено ако сме увозно независни од свежо месо – тоа е свинското. Затоа бевме крајно ригорозни, но целта беше да се сочува она што е домашно. Ако се доведевме во ситуација да увезуваме свинско место како пилешко и говедско, тогаш економските последици по државата ќе беа катастрофални“, рече Бабовски.

„На вкупно 345 фарми, во радиус од три километри, сите свињи беа нештетно уништени. Пријавени се вкупно 73 смртни случаи кај свињите, како последица на оваа болест. На 499 фарми во радиус од 3 и 10 километри од утврденото жариште извршена е депопулација, односно 4.891 свиња се нештетно уништени. Од аспект на подигнување на свеста, АХВ реализираше голем број едукации, подготви и испечати прирачници. Согласно последниот попис, регистрирани се 5.875 свињарски фарми, со 122.218 грла. Од кои фарми, 2.946 се со присутни животни, а другите се категоризирани“, рече Николче Бабовски.

Се врши контрола и на патници кои транзитираат низ Македонија, за да се спречи внесување на месо преку кое може да се рашири африканската чума кај свињите.

„Во овој момент се уште е има забрана за увоз на производи од свинско месо од земјите и регионите каде е потврдено присуството на оваа болест и имаат активни жаришта. Последниот детектиран случај на африканска чума во земја е во декември 2022 година. Во 2023 година, нема појава на жариште кај домашната популација, а кај дивата популација на сињи има 62 позитивни случаи кај дивата популација на свињи, што не е зачудувачки“, додаде Бабовски.