Фатална грешкa: Исклучиле пациент од апарат со согласност на погрешно семејство

Во чикашката болница „Mercy“ лекарите од апаратите за одржување во живот исклучиле пациент откако согласност за тоа дало погрешно семејство, пренесува во понеделникот BBC.

Маж бил пренесен во болницата „Mercy“ во април годинава откако бил пронајден под автомобил во несвесна состојба, потполно гол со тешки повреди на лицето поради што тоа било потполно непрепознатливо.

Меѓутоа, полицијата успеала да го идентификува како Алфонсо Бенет, а во мај болничкиот персонал го повикал „неговото“ семејство. По разговорите со семејството, болничарите го исклучиле од апаратите и пациентот починал.

И сето тоа би било во согласност со процедурата, доколку еден ден вистинскиот Алфонсо Бенет не се појавил на семеен собир. Се покажало дека Алфонско извесно време бил отсутен и дека едноставно не им се јавувал на роднините. Членовите на семејството во меѓувреме се организирале за закопот за Алфонсо кого, како што верувале, го исклучиле од апарати.

Дури по инцидентот полицијата земала отпечатоци од прстите на починатото лице и утврдиле дека станува збор за 63-годишниот Елша Бритман, по што го повикале неговото вистинско семејство. Сега и двете семејства ги тужат болницата и градот Чикаго поради негрижа и претрпена болка.

 

Кој е Џон До?

Кога повредениот пациент е доведен во болницата бил заведен како Џон До, бидејќи персоналот не успеал да го идентификува поради лицето коешто било повредено до непрепознатливост. Наводно на членовите на семејството им советувале дека е најдобро да се помират со ситуацијата и да го исклучат од паратите за одржување во живот.

Во меѓувреме, семејството на Бритман, кој исчезнал како и Бенет, безуспешно го барала својот роднина по мртовечниците и болниците. Кога полицијата сфатила што се случило, се јавиле како семејството Бритман, донавајќи дека и овој маж одамна исчезнал.

Управата болница „Mercy“ одбила да го коментира случајот, а шефот на службата за комуникацијата со јавноста, Ентони Гуглием во јуни рекол дека има „многу отворени прашања“, како и дека нивните „детективи ги истражуваат сите аспекти на случајот“.

Адвокатот на семејството Бенет смета дека е неприфатливо тоа што болнциата го заобиколила законот и луѓето ги третирала како да се невидливи. Сенаторката Патрисија Ван Пелт мисли дека полицијата требало веднаш да земе отпечатоци од прстите на настраданиот и да ја открие неговата ДНК за да го утврди точниот идентитет.