На 24.01.2024 во 20.00 часот на автопатот А1, Неготино – Градско, во близина на клучката Неготино, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки во Одделот за гранични работи и миграции во Биро за јавна безбедност лишиле од слобода малолетник од с.Студеничани, скопско.
При контрола во патничко возило „фиат стило“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени осум лица мигранти од Сирија, од кои еден малолетник.
Во 20.05 часот на автопат А1, во близина на локалитет „Стоби“, друг тим на Мобилната единица ги лишиле од слобода Е.Д.(30) и 46-годишната Е.Ш., двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека со патничко возило „фолксваген голф “ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Е.Д., биле претходница на возилото „фиат“ во кое се превезувале мигранти.
Лицата бил приведени во полициска станица, а мигрантите биле спроведени во прифатнo-транзитен центар за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави“, велат од МВР.