Полицијата го расчиси вчерашното разбојништво кога во утринските часови беше ограбена филијалата на „Македонски пошти“ на Бит Пазар.
Станува збор за 31 годишниот скопјанец Љ.А. кој во поштата влегол маскиран и заканувајќи им се на вработени одзел околу 80.000 денари.
Дел од украдените пари биле пронајдени.