Фатен арамијата од Струмица кој ограби 16 куќи одземајќи се’ што е вредно, пари, накит, мобилни телефони и документи.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, струмичката полиција го привела 22-годишниот Д.С. кој од август од декември ограбил 16 куќи.
Арамијата се товари за сторени 11 кривични дела „тешка кражба“, три кривични дела „тешка кражба“ во обид и две кривични дела „кражба“. Тој со насилно кршење на врати и прозорци, како и преку отворена врата од тераса влегувал во куќите од каде одзел паричници и чанти во кои имало денари, девизи, лични документи, златен накит и мобилни телефони. Со кражбите Д.С. „заработил“ 545.500 денари.