Фатени беровци кои за три години украле околу 2,5 милиони денари

Во рацето на правдата конечно паднаа двајцата беровци кои со крадење во последниве три години „заработиле“ околу 2,5 милиони денари.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се приведени 33-годишниот Б.М. и четири години помладиот Е.А., двајцата од Берово кои се товарат за сторени 12 кражби во последниве три години.

Искусните крадци „оперирале“ на подрачјето на Берово и со употреба на сила и подесен алат извршиле тешки кражби во фирми, куќи, викенд куќи, продавници, трафостаници, возила од каде одзеле електромотори, бакарни алати, акумулатори, техничка стока, радиатори, сообраќајни знаци, моторна пила, прехранбени производи и пари, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 2.403.150 денари.