Водечкиот американски научник за заразни болести Ентони Фаучи, изјави во четвртокот дека очекува да продолжи да ја советува владата и по инаугурацијата на Џо Бајден на 20-ти јануари.
Додаде дека разговарал со идниот шеф на кабинетот и персоналот на Белата куќа, Роналд Клејн, и дека преку видоеврска планира да разговара и со другите членови на тимот на Бајден.
„Не навлегувавме во поединости, но доволно да може да се каже ‘продолжуваме со истата сила’. Денеска првап ќе разговараме за самата транзиција“, изјави Фаучи за телевизската мрежа CBS News.
Изданието Politico во меѓувреме пренесе дека Бајден го именувал Џефри Зиентс, поранешниот функционер во администрацијата на претседателот Барак Обама, за координатор на Белата куќа за коронавирусот, а Вивек Марти го вратил на должноста прв човек на управата за јавно здравство.
Решавењето на здравствената и економската криза, според најавите, се приоритетите на Бајден кој би требало на 20-ти јануари да ја преземе претседателската должност. САД се соочуваат изминатите седмица со експлозија на бројот на новозаразените и хоспитализираните кој надмина рекордни 100.000. Во САД од почетокoт на епидемијата регистрирани се околу 273.000 смртни случаи кои се поврзуваат со Covid-19.
Разгорувањето на епидемијата во САД доаѓа во периодот кога се најавува скорешен почеток на вакцинирањето против коронавирусот. Центарот за контрола и превенција на болестите (CDC) очекува дека една или повеќе вакцини би можеле да бидат достапни до крајот на годината.
Поранешните американски претседатели Барак Обама, Џорџ В. Буш помладиот и Бил Клинтон изјавија дека се подготвени јавно да се вакцинираат против Covid-19 за да ги поттикнат сонародниците. Обама изјави дека „потполни им верува“ на здравствените власти во земјата, вклучително и на Ентони Фаучи, кој е истакнат и многу ценет научник во САД.
„Ако Ентони Фаучи ми каже дека вакцината е безбедна и штити од ковидот, нема да се двоумам“, изјави Обама во разговорт за изанието SiriusXM.