Директорот на американскиот Национален институт за алергии и инфективни болести Ентони Фаучи изјави дека не може да гарантираа дека ќе биде сигурно луѓето лично да излезат на избирачките места на изборите за претседател на САД во ноември.
Главниот американски инфектолог за Си-Ен-Ен изјави дека не сака да биде песимист, но оти секогаш постои можност да се појави нов бран на коронавирусот на почетокот од зимата.
Тој наведе дека стопанството во некои делови на САД може да се придвижи најрано во мај.
Фаучи додаде дека не постои прекинувач со кој се може да се врати на старо.
Тој истакна дека мерките за спречување на ширењето на коронавирусот ќе се укинуваат постепено, и нивното укинување ќе зависи од ситуацијата во одредена област.
– Но, кога и да бидат олсенети рестрикциите, знаеме дека ќе има луѓе кои ќе се заразат. Тоа е реалноста, додаде Фаучи.