Австралиската држава Нов Јужен Велс го потврдија првиот смртен случај од новиот сој на вирусот Омикрон.
Таму новите мерки стапија на сила денеска, а меѓу нив ограничување за едно лице на два метри квадратни во баровите и рестораните и задолжителна проверка на вакцинален статус.
Косовскиот институт за јавно здравје синоќа потврди дека во Косово е регистрирана новата варијанта на коронавирусот Омикрон, во вкупно девет случаи досега. Институтот, заедно со косовското Министерство за здравство, ги повика граѓаните строго да се придржуваат до анти-ковид мерките и да се вакцинираат.
Иако дел од научните студии покажуваат дека омикрон дава полесна слика на болеста, дел, иако е позаразна од другите, здравствени експерти предупредуваат дека вкупната закана не смее да се потцени, вели американскиот епидемиологг Ентони Фаучи.
„Едно е сигурно и во тоа се согласуваме сите дека „омикрон“ е невообичаено заразен, тој ги надмина дури и најзаразните од претходно, вклучувајќи ја и „делта“, нема простор за сомнеж во тоа. На истражувањата од Велика Британија јасно се гледа дека односот на хоспитализации наспроти регистрирани случаи е помал, а интересно е дека и престојот во болница е пократок, побарувачката за кислород беше помала.“- Ентони Фаучи, епидемиолог.
Фаучи посочува дека освен растот на инфекциите, можното оптоварување на здравствените системи. Темпото со кое новата варијанта забрзано се шири низ светот има потенцијал да стане доминантна. САД, Британија, Германија, Данска, Србија и Албанија се само дел од земјите кои што бележат раст на инфекции од новиот сој на дневно ниво.
Омикрон може да предизвика помала стапка на заболување од другите видови коронавирус, но бранот на болеста што го придружува ширењето на новиот вид сè уште се заканува да ги оптовари болниците во САД, изјави Ентони Фаучи, главен лекар за заразни болести во САД.