FAZ: Новата влада на СДСМ и Заев ќе го сменат името на скопскиот аеродром по локалните избори

„Не под ова име“ гласи насловот на широката анализа за Македонија којашто во средата ја објавува ка ја објавува германскиот дневен весник Frankfurter Allgemeine Zeitung abbreviated (FAZ).

Во однос на можноста за преименување објектите, како автопатот или аеродромот во Скопје, кои Атина ги смета за провокативни, FAZ повикувајќи се на „добро информирани извори во Скопје“, тврди дека такво нешто ќе се случи, и тоа по локалните избори во октомври.

„Можно е македонската влада по локалните избори да се одлучи на таков чекор и да го преименува аеродромот со некоја географска одредница или, на пример, во Мајка Тереза“, пишува германскиот дневен весник.

Лицитирајќи со можните имиња кои државата би можела да ги добие при евентуален договор, весникот како примери ги наведува „Нова Македонија“ и „Горна Македонија“, но притоа дополнува дека името на државата и не е најголемиот проблем, туку барањето на Атина да се сменат и името на народот и на јазикот.