![fbi](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/10/fbi-1.jpg?resize=600%2C400&ssl=1)
Американското Федерално биро за истраги (FBI) објави на Facebook рекламен пост на руски и англиски јазик со предлог заинтересираните да им помагаат со информации на американските разузнавачки агенции.
На социјалната мрежа се поставени три објави. Текстот на англиски јазик сугерира споделување информации со Бирото, а илустрациите се проследени со фрази на руски јазик „Дали е време да го направите вашиот потег?“, „Време е да се изградат мостови“ и „За вашатата иднина, за иднината на вашето семејство“.
Линкот води до страница за програмата за контраразуснавачките регонални оддели на FBI, каде информациите се двојазични. Во описот е наведено дека главната задача во заштитата на американскиот народ е идентификувањето на „непријателските странски разузнавачки служби“ и да се неутрализираат нивните активности.
Покрај тоа, се истакнува дека најважното разузнавање Бирото го добива од јавноста, и поради тоа бара од сите кои имаат корисни информации да ги посетат неговите канцеларии.
Како што во средата објави во својот прилог американската телевизија CNN, Бирото во прв ред е насочено на регрутирање на Русите кои живеат во областа на Вашингтон и неговиот предградија. Според оцената на телевизијата, овие објави на FBI може да се „насочени кон руските разузнавачи, со цел да бидат врбувани, а исто така може да се упатени до сите оние кои би можеле да имаат информации за нивните активности“.
Во прилогот на CNN се забележува и дека во објавата на FBI на руски јазик има неколку правописни грешки. Исто така, телевизијата наведува и дека најмалку три вакви материјали биле објавени на социјалната мрежа оваа седмица.
Алан Колер, шефот на одделот за контраразузнавање во канцеларијата на FBI во Вашингтон, во интервју за CNN, вели дека Бирото ги „користи правните средства“ за да ги идентификува поединци со информаци кои може да бидат полезни за националната безбедност на САД.