
Компанијата Фејсбук објави дека со цел да се избегне оптоварување на интернетот во Европа привремено ја намали брзината на проток на видео-содржините на Фејсбук и Инстаграм.
Социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм се повеќе се користат по воведувањето на вонредни мерки ширум Европа, што бара и работа од дома и социјална изолација.
Претходно, компаниите Нетфликс и Гугл најавија дека ќе го прилагодат системот на емитирање на своите видео-содржини на новонастатнатата ситуација.
Европска комисија, претходно ги повика провајдерите, операторите и коринсиците на интернер услуги да го спречат оптоварувањето на мрежата и да обезбедат отворен интернет.