ФЕД: Стогодишник кој што сака да печати пари

Федералните резерви на Соединетите Американски Држави веќе 100 години го надгледуваат „семоќниот долар“, а одлуките на највлијателната централна банка во светот и денес успева да ги „разниша“ приликите на светскиот пазар.

Но, и покрај големиот и важен јубилеј, на 100-годишнината на Американската централна банка (ФЕД) може да се слушнат бројни критики за работа на оваа инвестиција, пренесува „Дојче веле“.

Формирана е преку ноќ во време на најлошата банкарска криза во САД во 1907-та година, кога на островот Џекил во Џорџија, тајно се собрала група моќни политичари, банкари и економисти, кои ја дефинирале основата на Законот за федерални резерви. Одлуката за негово усвојување е донесена на 23-ти декември 1913 година, а потписот на законот, истиот ден, ставил претседателот Вилсон.