Роже Федерер се пласираше во четвртфиналето на УС Опен со победата над Шпанецот Роберто Баутиста во три сета – 6-4,6-3,6-2.
Федерер лесно славеше на првиот дуел во кариерата со Баутиста кој е 17-ти носител во Њујорк. Во следната рунда петкратниот шампион на УС Опен ќе се сретне со Гаел Монфилс кој беше подобар од Григор Димитров.