Рожер Федерер ја освои титулата на Мастерс турнирот во Синсинати, што за Швајцарецот е рекордна седма титула на овој турнир. Тој во финалето беше подобар од првиот носител Новак Ѓоковиќ со 2:0 (7:6(1), 6:3).
Со оваа победа Федерер се враќа на втората позиција на АТП листата, претекнувајќи го Енди Мареј, кој на истата се задржа само неколку денови.
Иако беше поразен, Ѓоковиќ му честиташе на подобриот Федерер, истакнувајќи дека веројатно ќе треба да почека Швајцарецот да се пензионира, за да ги комплетира сите Мастерс турнири.
Петти пат се наоѓам во финалето и повторно не го освоив трофејот. Очигледно ќе мора да почекам Федерер да се пензионира за да го освојам овој турнир, порача низ смеа Ѓоковиќ по мечот.
Не штедеше зборови ниту Рожер, кој му посака многу среќа на Србинот во иднина, надевајќи се дека ќе успее да го освои Синсинати, бидејќи тоа и го заслужува.
Јас го имав задоволството да играм против сјајниот Новак, а ние двајцата често го даваме максимумот кога се сретнеме. Новак, се надевам дека еден ден ќе го освоиш овој турнир, бидејќи заслужи, изјави Федерер по крајот на средбата.