![jovanka](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/03/jovanka.jpg?resize=245%2C322&ssl=1)
Во мојот крај каде што се родив, кога во 1941-ва година се распадна стара Југославија, имаше многу подофицери и офицери кои дошле во своите домови, бидејќи кралската војска се распадна,.
И кај нас, во нашиот крај се формираа партизани и четници.
И сега, сето тоа се случи во моето село каде што се родив. Во моето село се формираа партизани, а во соседното четници.
Лидерот на партизаните еднаш ми кажа дека лидерите на четниците бараат состанок со нив и ме задолжија да обезбедам простор за да се сретнат во нашата куќа, бидејќи ние имавме голема куќа и простор во нејзе.
Прво дојдоа четниците, а потоа и партизаните. А, јас бев единствено женско меѓу сите нив, а ги имаше многу.
Во еден момент лидерот на партизаните го праша главниот на четниците: „Добро, а што имам јас да разговарам со тебе, кога ти се заколна за кралот и татковината?“. А овој, стана од столицата и рече: „Не! Јас не се заколнав за кралот и за татковината, јас се заколнав за својот народ и ние имаме што да разговараме“.
И тие тогаш се договорија. Лидерот на партизаните беше Мичун Шакиќ, генерален и народен херој, а лидерот на четниците бил Стојан Матиќ, мајор на поранешната југословенска војска.
Тие тогаш се смирија, а лидерот на четниците се согласи да биде партизам и во тој крај повеќе немаше никави поделби на четници и партизани.
Продолжува…
Извадоци од книгата на Жарко Јокановиќ, „Јованка Броз мој живот, моја вистина“- од раѓање до болнички денови, во издание на српскиот весник „Блиц“.