Шпанскиот тенисер Давид Ферер по 15 години, ја прекинува соработката со тренерот Хавиер Пилес.
-Пред неколку дена ја прекинав соработката со мојот тренер Пилес. Тажен сум зашто имавме семеен однос. Ја прекинавме соработката, иако немавме лични проблеми. кусо изјави Ферер.
Пред стартот на новата натпреварувачка сезона голем број тениски имиња ги сменија тренерите. Србинот Новак Ѓоковиќ почна соработка со Борис Бекер, Кеи Нишикори го ангажираше Мајкл Ченг, а Марин Чилиќ повторно ќе работи со Горан Иванишевиќ.