
Пол Погба чие име со месеци се спомнува во контекст на преминувањето од Јувентус во Манчестер Јунајтед, веќе еднаш беше дел од клубот на Олд Трафорд. Таму пристигна во 2009-тата на возраст од 16 години.
Според обожавателите на Црвените Ѓаволи токму бесплатниот тран сфер на Погба во Јувентус во 2012-тата година е една од најголемите грешки што ги направил легендарниот Се р Алекс Фергусон.
23-годишниот Французин денес вреди 100 пати повеќе, а Јунајтед е подготвен за него да плати дури 120 милиони евра, со астрономска плата што би го довела на врвот на листата н а најплатените светски спортисти.
Сер Алекс Фергусон кој сеуште е активен во клуб от, конечно даде зелено светло за враѓање на францускиот играч за врска, а раскажа и зошто најбараниот фудбалер во светот во 2012-тата го напуштил клубот. Како најголем проблем се посочува менаџерот на фудбалерот Миноа Риолу за кого Фергусон вели:
Ние двајца сме како масло и вода. Погба тогаш требаше да потпише нов договор со Јунајтед, меѓутоа Раиола претходно договори се со со Јувентус. Бев разочаран затоа што не покажаа почит кон клубот.