Фетаи побара Груевски веднаш да биде приведен

Поранешниот премиер Никола Груевски задоцни на денешното рочиште за насилството во општина Центар.

Обвинителката на СЈО побара од судот Груевски да биде приведен. Фатиме Фетаи во судница се повика на законските одредби според кои ако обвинето лице е уредно повикано, а не се појави на судење , ниту го оправда своето отсуство, веднаш да биде приведен. Обвинетиот Груевски на рочиштето се појави со задоцнување од 20 минути.