Фетаи: Се чувствувам добро, им порачувам на сите да ги почитуваат мерките

Обвинителката Фатиме Фетаи истакна дека 14 дена ќе биде во самоизолација поради контакт со обвинителот Гаврил Бубевски кој е позитивен на тестот за коронавирус.

„На сите им потврдив дека 14 дена ќе бидам во изолација заради контакт (две судења минатата недела) со обвинителот Бубевски. Немам симптоми, а ќе се тестирам кога тоа ќе биде посочено од докторите“, изјави Фетаи за ТВ 21.