Фетел победник на трката во Белгија

Возачот на Ферари, Германецот Себастијан Фетел, славеше во неделата во трката од шампионатот на Формула 1 за Големата награда на Белгија, и дојде до својата 52-та победа во кариерата и петта оваа сезона.

На патеката во Спа Франкошам, Фетел во првиот круг го мина Британецот Луис Хамилтон од тимот на Мерцедес и до крајот на трката успешно го чуваше првото место.

Хамилтон заврши на второто место, но и натаму е водечки во вкупниот поредок од Светското првенство во Формула `1, со 17 бодови повеќе од Фетел. Трет во Белгија беше Хпланѓанецепт Макс Верстапен од тимот на Ред Бул.

Следната трка е на распоредот на 2-ри септември и ќе се вози на патеката во Монца за Големата награда на Италија.

Редослед:

1. Себастијан Фетел (Германија/ Ферари) 1: 23: 34.476
2. Луис Хамилтон (Велика Британија/ Мерцедес) +11.061
3. Макс Верстапен (Холандија/ Ред Бул) 31.372
4. Валтери Ботас (Финска/ Мерцедес) 1: 03.605
5. Серхио Перес (Мексико/ Форс Индија) 1: 11.023
6. Esteban Ocon (Франција/ Форс Индија) 1: 19.520
7. Ромен Грожан (Франција/ Хаас) 1: 25.953
8. Кевин Магнусен (Данска/ Хаас) 1: 27.639
9. Пјер Гаси (Франција/ Торо Росо) 1: 45.892
10. Маркус Ериксон (Шведска/ Заубер) 1 круг
11. Крлос Сајнц (Шпанија/ Рено) 1 круг
12. Сергеј Сироткин (Русија/ Вилијамс) 1 круг
13. Ленс Штрол (Канада/ Вилијамс) 1 круг
14. Брендон Хартли (Нов Зеланд/ Торо Росо) 1 круг
15. Стофел Вандоорн (Белгија/ Мекларен) 1 круг

 

 

Генерален пласман

1. Луис Хамилтон 231 поени
2. Себастијан Фетел 214
3. Кими Рајкконен 146
4. Валтери Ботас 144
5. Макс Верстапен 120
6. Даниеле Рикардо 118
7. Нико Хулкенберг 52
8. Кевин Магнусен 49
9. Фернандо Алонсо 44
10. Серхио Перез 4