ФФМ до фудбалерите: Ниеден пораз не се брои, вие сте наши херои

Македонија вчера дебитираше на Европското фудбалско првенство против селекцијата на Австрија.

Натпреварот нашата репрезентација го загуби со 3:1, но позитивно гледаат кон следните два дуели против Украина и Холандија и не ја губат надежта.

Поддршка до македонските рисови пристигнува од секаде, а со јасна порака се огласи и ФФМ која покажа дека гордо стои зад македонската фудбалска репрезентација.

-Ниеден пораз не се брои, Вие сте наши херои, им порача ФФМ на фудбалерите.