ФФМ одреди популарна цена на билетите за мечот против Англија

Управниот одбор на македонската Федерација донесе едногласна одлука за износот на билетите за последниот квалификациски меч кој го играме на домашен терен против Англија.

Македонија остана без шанси за пласман на Европското првенство по поразот кој го претрпе од Украина, но до крајот на квалификациите имаме уште два натпревари против големи великани.

Најпрво ќе и гостувамен а Италија на средината на месец ноември, а на 20-ти истиот месец ќе ја пречекаме Англија на националната арена „Тодор Проески“.

Новиот тревник ќе биде мотивација плус за нашите фудбалери да се прикажат во најдобро светло, но потстрек да бидат дел од натпреварот сега добиваат и фановите.

ФФМ одреди популарна цена на билетите за овој натпревар, па истите ќе се движат од 300 до 500 денари.