ФИФА ги објави судиите за клупското СП, меѓу нив и жена

Светската фудбалска асоцијација ФИФА ги објави имињата на главните судии за клупското Светско првенсто кое од 1-ви до 11-ти февраури ќе се одржи во Катар, а првпат на листата се наоѓа и жена.

Натпреварите на клупскиот мундијал ќе ги водат седум судии, 12 помошни судии и седум видео судии.

На листата главни судии е и Бразилката Едина Алвеш Батишта, со којашто во судискиот тим ќе бидат и сонародничката Неуза Бак и Аргентинката Маријана де Алмеида.

Од главните судии на клупското Светско првенство ќе учестуваат Дани Меккелие од Холандија, Марио Ескобар од Гватемала, Леодан Гонзалес од Уругвај, Мохамед Абдула Моhамед од ОАЕ, Џибрил Камара до Сенегал и Абделкадер Зитуни од Тунис.

На турнирот ќе настапат екипите на минхенски Баерн како првак и претставник на Европа (УЕФА), Ал Ахли ќе ја претставува Африка, Улсан Хундаи на Азија, УАНЛ областа на Конкааф федерацијата, Ал Духаил како домажин, Акленд Сити од Океанија, и шампионот на Јужна Америка кој ќе биде познат на 30-ти јануари.

Првиот натпревар на годинешното издание на клупското светско првенство ќе се одигра на 1-ви февруари, меѓу Ал Духаил и Окленд Сити.