
Светската куќа на фудбалот од оваа година повторно сама ќе избира лауреати по прекинот на соработката со „Франс Фудбал“, а денеска и официјално беше објавена листата од тројца финалисти.
Во изборот за најдобар светски фудбалер на ФИФА учествуваат селекторите и капитените на сите репрезентации, потоа новинари од различни земји ширум светот, како и фанови кои гласаат преку официјалната веб-страница на светската куќа на фудбалот. Победникот на овој избор ќе биде промовиран на гала-церемонијата што на 9 јануари ќе се одржи во Цирих.