Вчера во 21.40 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, капитенот на РК „Металург“, Филип Кузмановски пријавил дека по завршувањето на ракометниот натпревар помеѓу екипите на РК “Металург“ и РК “Еурофарм“ во Спортската сала Автокоманда, при излегување од соблекувалните бил физички нападнат од страна на А.Б. (23) од Скопје.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.