8.8 C
Skopje
петок, јануари 24, 2025

Филипче апелира граѓаните да останат дома и движењето да го сведат за најитни потреби

Министерот за здравство, Венко Филипче, по седницата на Кризниот штаб одржа прес-конференција со најновите информации за коронавирусот.

Министерот за здравство Филипче рече дека пациентите на Инфективната клиника, сите 15 се во стабилна состојба.

Во државата во моментот има вкупно 14 позитивни на коронавирус, од кои шестмина од вчера.

Министерот за здравство Филипче рече дека  има 7 лица кои се тестираат на коронавирус  од  Кичево, Куманово, Тетово, Штип, од Охрид и две родилки од Дебар, не се пред породување, но се донесени за да се направат тестови. Има околу 120 респиратори, од кои 90 во Скопје.

Целиот медицинаски персонал од јавни и приватни установи се организирани за да работат во болниците. Ќе се координираат телефонски .

Назначен е шеф на кризниот штаб во боницата во Дебар, кој ќе тргне кон градот и ќе ја организира работата таму. Болницата во Козле ќе се опреми за да прими евентуално болни деца.

Во Дебар и Центар Жупа сосотојбата е стабилна без инциденти.

Во врска со затворањето на моловите, Филипче појасдни дека ќе работат во нив само продавниците за прехрамбени производи и аптеките, а отворените молови ќе продолжат со работа.