Филипче го потврди првиот смртен случај од коронавирус, почина 57-годишна жена од Куманово

Жена на возраст од 57 години од Куманово е првиот смртен случај од корона вирус во Македонија, што е утврдено по два негативни бриса, добиен е позитивен брис дури по смртта, соопшти вио неделата министерот за здравство, Венко Филипче на редовната прес-конференција.

„Кога жената била хоспитализирана во Куманово имала симптоми на коронавирус и лекарите ѝ земале брисеви. Биле направени два теста, но и двата биле негативни. Сепак, бидејќи имала симптоми на коронавирус, лекарите продолжиле да ја третираат како пациенит заразен со коронавирус. Жената починала откако состојбата нагло ѝ се влошила. Бидејќи имало нагло влошување на нејзината состојбата што е типично за случаите со коронавирусот, лекарите решиле по смртта да земат уште еден брис и овој тест се покажал позитивен“, инфмираше Филипче.

Министерот за здравство потврди и дека покрај сега починатата жена, хоспитализиран е и нејзиниот 33-годишен син, кој во моментов е со стабилна клиничка слика.

Филипче претходно на прес-кофнеренцијата ги потврди податоците кои ги лиферуваше Министерството за здравство информира дека во изминатото деноноќие се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата.

Со ова бројката на дијагностицирани пациенти со Covid-19 денеска до 12.00 часот, изнесува 114. По градови: Скопје (22), Штип (3), Дебар (2), Куманово (1) и Охрид (1).

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во: Скопје (65), Дебар (36), Штип (7), Кавадарци (2), Охрид (2), Гостивар (1), Куманово (1).

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во моментов се хоспитализирани 24 пациенти. Седум пациенти се континуирано на третман со кислород, 11 се веќе во стабилна – добра здравствена состојба.

Утре, по истекот на 14 дена од поставување дијагноза, кај шест пациенти ќе се зема контролен брис. Од нив пет се во добра состојба, а кај пациентката кај која имаше влошување нема промена на состојбата и таа се уште е на респираторна машина. Пациенти кои се на домашно лекување се во постојан контакт со лекарите.