Министерот за здравство, Венко Филипче во четвртокот, по повод одбележување на 4-ти февруари Светскиoт ден за борба против ракот, ја посети Клиниката за онкологија каде во присуство на директорот Нино Васев остварија средба со Биба Додева претседателката на Здружението за борба против рак „БОРКА – за секој нов ден“ и Наташа Маслеша од Здружението за борба против ракот и леукемијата кај децата „Пеперутка“.
„Примарна задача ни е да обезбедиме континуитет во снабдувањето со терапија за пацинтите со малигни заболувања. Со олеснувањето на пристапот до лекови се подбрува третманот на пациентите. Набрзо ќе се отвори оддел за зрачна терапија во ГОБ 8 Септемрви каде ќе работи лекар специјалист, еден физичар и еден техничар, овој третман на пацинети ќе биде координиран и со УК за онкологија, со што уште повеќе ќе се скрати времето на чекање за зрачна треапија. Дополнително во план ни е да направиме децентрализирање при достапност на терапијата, во останатите центри како Битола, Штип и Тетово се со цел да се подобрат условите на пациентите, односно терапијата да им биде достапна во местата каде што живеат. Ќе продолжи практиката Клиниката за онколиогија таблетарната терапија на пациентите да им ја доставува дома, како што беше пракса во време на ковид кризата“ рече Филипче.
Претседателката на здружението БОРКА за секој нов ден, ја поздрави заложбата на министерот кој се заложил пред три години да овозможи пристап до иновативни лекови за пациентите со малигни заболувања.
„Во Македонија, пред три години првпат беше овозможен пристап до нови 30 биолошки и имунолошки терапии, нови иновативни лекови кои се набавуваат централизирано од посебен буџет и среќни сме дека на состанокот со министерот се договоривме оваа година не само да продолжи оваа пракса, туку и да се прошири листата со уште нови лекови достапни за онколошките и хематолошки пациенти со малигни болести. Здравјето не е цена. Тоа е инвестиција. Зато треба да ја смениме приказната бидејќи фундаментално право на секој човек е здравјето. Да поттикнеме креирање на нови подобри услови за третман и терапија на нашите граѓании, да ги охрабриме и поддржиме сите во нивната борба со ракот бидејќи оваа борба е наша, заедничка“, порача Додева.
Според Филипче, Министерството за здравство „максимално“ изминатите години овозможило во државата да влезат иновативни терапии за пациентите со малигни заболувања. Додаде дека се набавуваат иновативни лекови за рак на дојка, на бели дробови, како и други малигни заболувања, со кои се опфаќаат голем број пациенти.
„Изминатата година пандемијата го наруши нормалниот тек на дијагноза, секаде во светот па и кај нас, реално бевмe соочени со одложување на дијагностичките процедури, сега се прават посебни напори веќе неколку месеци наназад, се поголем број пациенти може да направат дијагностички процедури. Годинава повторно ќе се фокусираме на скриниг програмите и на целосно имплементирање, особено што голем број мамографи насекаде во земјава веќе се подготвени за скрининг процедурите’. порача Филипче.
Посочи дека, еднa од позитивните работи кои од годинава ќе почне да функционира е Националниот регистар на новозаболени од малигни болести чијашто процедура, као што уверува, веќе е започната на Универзитетската Клиника за онкологија.