Филипче советува: Не се групирајте во затворени простории, проветрувајте и носете маска

Ризокот за пренесување на вирусот е значително висок во затворена просторија што не се проветрува и со голем број луѓе кои не носат маска, вели министерот за здравство Венко Филипче.

Вирусот секогаш се пренесува преку близок респираторен контакт. Тоа значи дека капките, солите што излегуваат од усната шуплина за време на зборувањето се практично капки преку кои вирусот се пренесува. Врз основа на начинот на пренесување на вирусот практично се демензионирани и препорачани и превентивните мерки“, објави Филипче на фејсбук.

Во таа смисла, во затворена просторија која што не се проветрува доколку има голема концентрација и бројка на луѓе кои  не носат заштитна маска ризикот е исклучително висок.

Министерот посочува дека доколку се носи маска, секако дека ризикот се намалува уште повеќе ако бројот на луѓе во една затворена просторија е помал и доколку често се проветрува.