Во првиот натпревар од првото коло во Групата Б на Европското фудбалско првенство, селекцијата на Финска во Копенхаген ја совлада Данска со 1:0 (0:0) и го приредија големото изненадување во својот премиерен настап на континенталните шампионати.
Финците до сосема неочекуваната понеда во скандинавската пресметка дојдоа со голот на Јоел Похјанпало во 60 минута. Во 74 минута данската селекција не реализираше најстрога казна, откако ударот на Пјер-Емил Хојберг го одбрани финскиот голман Лукаш Храдецки.
Историскиот прв натпревар и победа на Финска воопшто на големите натпреварувања е засенета од агонијата со данскиот фудбалер Кристијан Ериксен кој во 43 минута загуби свест на теренот и по петнаесетминитната реанимација беше повратени и префрлен во болница каде се стабилизирала неговата состојба.
Мечот во Копенхаген од самиот почеток беше своевидна антипропаганда на фудбалот, со премногу груби стартови, постојани прекини на играта и финскиот „бункер“, но тоа не ја намалува вредноста на историската победа на Финска. Данците не успеваа да најдат начин да ја пробијат финската одбрана преводена од јунакот на мечот голманот Лукаш Храдецки па шампионатот во Копенхаген до доживеа првото големо изненадување.
Првиот дел го одбележаа нападите на Данците и пожртвуваната борбеност на понекогаш и грубите Финци, кои се бранеа и воопшто ниту се обидоа да се заканат пред голот на противникот. Финскиот голман Храдецки одбрани три опасни удари на Данците, пред во 43 минута мечот да биде прекинат поради колабирањето на Кристијан Ериксен на теренот.
Дуелот беше продолжен по 108 минути, а Финците поведоа во 60 минута во својот буквално прв престој во данскиот шеснаесетник, Нафрлувањето од крилна позиција на Уронен дојде до играчот на германскиот бундеслигаш Унион Берлин, Похјанпало, кој се фрли и со глава во пад го совлада дотогаш потполно невработениот Шмајкл.
Во 74 минута по непостоечкиот контакт меѓу Уронен и Поулсен судијата Енди Тејлор свиреше пенал за Данцијте, но ударот на Хонберг го одрбани Храдеција. Упорната и жилава одбрана на Финците им одолеваше на фанските напади до крајот на мечот.