Финска го запре користењето на вакцината на „Moderna“ кај млади мажи

Финска привремено го запре користењето на вакцината на американската фармацевтска компанија „Moderna“ против Covid-19 ка мажите родени од 1991 година и подоцна, поради известувањата за кардиоаваскуларни нуспојави, објави во четвртокот Инситутот за здравство и нега.

И шведските и данските здравствени функционери најавија во средата попладнето дека ќе ја запрат на одредено време употребата на вакцината на „Moderna“ за сите помлади лица и за децата. Норвешка, пак, веќе ја користи вакцината на „Pfizer/BioNTech“, исто така, врз база на информациската рибонуклеанска киселина (mRNK), а се га се препорачува за мажите помлади од 30 години.

Нордиските земји таквите решенија ги засноваат на необјавената сѐ уште нордиска истражувачка студија која содржи податоци од Финска, Шведска, Норвешка и Данска.

Шведска во средата попладнето дека ќе го суспендира користењето на вакцината „Modernа“ против Covid-19 за лицата родени во 1991-та, по изештаите за можни нуспојави како што е миокардитисот. Шведскиот Завод за јавно здравство соопшти дка податоците укажуваат дека зачестената појава на миокрдитие, односно воспаление на срцевиот мускул, и перикардитис – воспаление на срцевата овојница, кај момчиња кои се вакцинирале.

„Врската е особено е јасна во случајот на вакцината Spikevax на Moderna, особено по втората доза“, се наведува во соопштението. Сепак, се наведува дека ризикот од миокардитис и перикардитис се „многу мали“.

Лицата роден 1991 година или подоцна, кои ја примиле првата доза од вакцината на „Moderna“, околу 81.000, нема да ја примат втората доза.

Претходно седмицава шведската јавноздравствена агенција објави дека децата од 12 до 15 година може да ја примата само вакцината на „Pfizer/BioNTech“.

Европската агенција за лекови (ЕМА) ја одобри вакцинтата на „Pfizer/BioNTеch“ во мај, а на „Moderna“ во јули за децата повозрасни од 12 години.